Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ: „Goldman Sachs“ останува без познатиот шеф кој заминува по 12 години

КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ: „Goldman Sachs“ останува без познатиот шеф кој заминува по 12 години

Генералниот директор на „Goldman Sachs“ Лојд Бланкфајн објави дека заминува во пензија после 12 години на чело на таа инвестициона банка.

На тоа место ќе го замени Дејвид Соломон, сooпштија од банката.

Соломон е актуелен претседател на банката и директор за оперативно работење. Оваа објава беше очекувана бидејќи во последните месеци Соломон е преместен да врши работи на друг човек во банката.

Бланкфајн ја водеше „Goldman Sachs“ низ финансиската криза и голема рецесија и беше на нејзино чело за време на големи промени поради инвестиционото банкарство на Волстрит. 

Додека тој успеал да ја одржи банката за време на кризата, конкурентните банки како што се „Lehman Brothers“ и слични или банкротирале или дошле до раб на банкрот.

Тој ќе се пензионира на 30 септември. Наследникот на неговото место е Соломон кој е долгогодишен директор на банката.

Слично

Поврзани вести