Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе го врти привремено кормилото во БЈБ на местото на Велковски?

Кој ќе го врти привремено кормилото во БЈБ на местото на Велковски?

Лазо Велковски официјано заминува од директорската позиција во Бирото за јавна безбедност поради злоупотреба на службеното возило.

Министрите го прифатија предлогот за смена на Велковски, кој го побара министерот Оливер Спасовски а привремено со БЈБ Владата одлучи да управува заменикот кој со право го носи прекрарот „вечен“.

Станува збор за Бесим Деари, кој од 2002 година е на таа позиција во БЈБ и имал чест да работи со дури 6 различни директори и 7 различни министри.

Велковски, кој направи грешка и мора да сноси одговорност, според кажаното од премиерот Заев ќе остане да работи во МВР поради долгогодишното искуство кое го има.

Бирото за јавна безбедност при МВР — орган на министерството за внатрешни работи под чија надлежност е униформираната полиција и кој ги врши полициските работи во министерството. БЈБ е одговорно за јавната безбедност, врши надзор и контрола врз работата на подрачните единици на полицијата, и одговара за подготвеноста на полицијата за дејствување во сложени безбедносни операции.

Слично

Поврзани вести