Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе го води Државниот пазарен инспекторат

Кој ќе го води Државниот пазарен инспекторат

Државниот пазарен инспекторат подолго време нема ефективен раководител и вчера Владата донесе формална одлука да го назначи Стојко Пауновски за нов директор на оваа важна инспекциска служба која е во рамките на министерството за економија, но има многу самостојни овластувања.

Стојко Пауновски е поранешен пратеник на СДСМ од шестата изборна единица каде беше и носител на листа. 

Тој е оден на 20.12.1962 година во с. Челопек, Тетово. По образование е дипломиран економист на Економски факултет, Скопје, и има звање овластен ревизор.

Тој во Собранието со мандати до 2016 година се залагаше за повеќе локални прашања за тетовскиот регион, а беше член на повеќе собраниски комисии и совети. Потоа не доби партиска поддршка од СДСМ за повторно да се најде на пратеничка листа на последните парламентарни избори.

ДПИ се најде на мета на критики затоа што за време на празниците не вршеше контроли во угостителските објекти каде во дел од нив не се издаваа фискални сметки и беше дозволено да се пушат цигари.

Слично

Поврзани вести