Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе го наруши мирот и безбедноста на 4 февруари, ќе биде санкциониран

Кој ќе го наруши мирот и безбедноста на 4 февруари, ќе биде санкциониран

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски разговарал со бугарскиот технички премиер Галаб Донев, за претстојното чествување на годишнината од раѓањето на херојот Гоце Делчев и потенцирал дека оние поединци, без разлика дали се од Северна Македонија или Бугарија, кои ќе го нарушат мирот и безбедноста со своите активности ќе бидат соодветно санкционирани. На ист начин се очекува да постапи и бугарската страна.

Во владиното соопштение се потврдува одлуката која ја донеле Ковачевски и Донев во врска со одбележувањето на 4 февруари, односно дека соодветните служби и од македонска и од бугарска страна се задолжени во заедничка координација да обезбедат чествувањето на помине во мирна атмосфера.

„Задолжено е Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во координација со соодветните служби во Република Бугарија да ги обезбедат сите услови за достоинствено чествување на овој голем ден“, велат од Владата.

Кумановци веќе најавија дека ќе го блокираат патот кон Скопје на 4 февруари. 

Како што се вели во повикот, целат е да спречат бугарски националисти да дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.

Слично

Поврзани вести