Кој ќе го гради плоштадот ВМРО? Пет фирми се во трка!
Пет фирми се заинтересирани да го градат новиот плоштад ВМРО во центарот на Скопје - штипски „Бетон“, „Бауер БГ“ од Скопје, „Урбан инвест“ - Кавадарци, „Бетон“ - Скопје и „Трансмет“-Скопје.
Овие пет доставиле понуди на тендерот за изградба на плоштадот, иако тендерска документација подгинале дури 28 фирми. Понудите се разликуваат по цена, но сие се движат од 1,7 до 1,9 милиони евра.
Бетон А.Д. Штип------------------1 699 000 евра
Бауер БГ Скопје-------------------1 707 000 евра
Урбан Инвест Кавадарци-----1 801 000 евра
Бетон А.Д. Скопје-----------------1 872 000 евра
Трансмет Скопје------------------1 891 000 евра
Сепак овие понуди не се конечни, бидејќи на тендерот распишан од Градот Скопје е предвидена електронска аукција, на која ќе учествуваат сите што поднеле комплетна документација. Градот првично имаше намера да потроши 1,7 милиони евра за изградба на плоштадот. За тие пари е предвидено да се поплочи со мермер поранешниот паркинг простор пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се изгради фонтана со споменик, клупи, канделабри и други придружни објекти. Фасадите на објектите околу плоштадот ќе бидат реконструирани.
Слично
