Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ЌЕ ГИ СОБЕРЕ, А КОЈ ЌЕ МОРА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ТРКАТА - најнов пресек на потписи за претседателските кандидати

КОЈ ЌЕ ГИ СОБЕРЕ, А КОЈ ЌЕ МОРА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ТРКАТА - најнов пресек на потписи за претседателските кандидати

Заклучно со вчера во 20 часот двајца кандидати ги имаа собрано и надминато потребните потписи, а еден, кој подоцна ги дособра, се приближуваше до таа бројка.

Бујар Османи има 11.028, а 10.700 освои претседателскиот кандидат Максим Димитриевски.

Арбен Таравари до вчера до 20 часот имаше 9.966 потписи, но потоа веќе објави дека ја има потребната бројка, а Билјана Ванковска собра 7.876 граѓански потписи.

Ова се досегашните потписи на сите кандидати. 

Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска немаат потреба од потписи, бидејќи во претседателската трка ќе влезат со 30 пратенички потписи.

Но од ВМРП-ДПМНЕ најавија дека Давкова ќе собира и потписи од граѓаните, а постојат најави и од СДСМ дека тие исто така ќе собираат потписи за нивниот кандидат, кој е и актуелен шеф на државата, Стево Пендаровски. 

Собирањето потписи ќе трае до 8 март.

Слично

Поврзани вести