Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ЌЕ ГИ СМИРУВА - владините партнери искрено се скарани

КОЈ ЌЕ ГИ СМИРУВА - владините партнери искрено се скарани

ДУИ ќе оди сама на изборите на 12 април. По седницата на централното претседателство на партијата, пратеникот Артан Груби изјави дека ДУИ нема да коалицира ниту со македонските, ниту со албанските партии. Но, ги повика  албанските партии во опозицијата да се соединат, за да не изгубат Албанците пратеници и потенцијал во Собранието на следните избори.

А Груби, вчера за ТВ21 изјави дека недоразбирањата меѓу СДСМ и ДУИ се вистински и искрени, и настанале поради разликите и приоритетите на партиите во нивните програми.

„Во однос на Изборниот законик, особено изборниот модел за следните избори, сметаме дека без широк консензус, без учество на сите политички партии во земјата и без сеопфатна дебата со сите засегнати страни во процесот,  не може да има еднострани и наметнати решенија во Собрание, особено не решенија кои му наштетуваат на политичкото претставување на Албанците во законодавниот дом“, рече Груби.

За Законот за јазиците, тој вели дека законот е недопирлив и дека треба да се унапреди неговата употреба на банкнотите и униформите на армијата. Според Груби, нема време ова прашање да се адресира до Собрание, бидејќи на 3-ти јануари ќе се формира техничка Влада, а еден месец подоцна ќе се распушти и Парламентот.

Пратеникот од СДСМ, пак, Хари Локвенец, вчера изјави дека, според неговите информации, поради недоразбирањата на релација СДСМ-ДУИ, Владата формирала работна група за доближување на ставовите.

Слично

Поврзани вести