Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе биде новиот шеф на скопското обвинителство?

Кој ќе биде новиот шеф на скопското обвинителство?

Кој ќе шефува со скопското обвинителство? За оваа тема советот на јавни обвинители ќе одлучува на утрешната седница.

Мандатот на актуелната обвинителка  Гордана Гешковска која управува со обвинителството истекува следната недела.

За Макфакс пак државниот јавен обвинител Марко Зврлевски вели дека не планира да се повлече предвреме, и дека ќе продолжи да функционира согласно законските одредби и како неосновани ги оценил новинарските информации за негово предвремено повлекување и акција за политичко спасување со помош на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Дел од медиумите пренесоа и дека Гешковска повторно може да се кандидира за оваа позиција, но треба да се повлече од истата додека трае процесот на евалуација на кандидатите а на нејзино  место да дојде заменикот или да остане на чело на Скопското обвинителство до крајот на изборот на нов човек.

Слично

Поврзани вести