Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ЈУНАК ЌЕ ПАДНЕ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА КРИВА РЕКА?Обвинителство оформи предмет за загадувањето

КОЈ ЈУНАК ЌЕ ПАДНЕ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА КРИВА РЕКА?Обвинителство оформи предмет за загадувањето

Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека веќе е оформен предмет за Крива река и наводите на општината дека е загадена по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството информираат дека кај нив пријава сè уште не е пристигната од општината.

- Досега кривична пријава од општината Крива Паланка не е пристигната, меѓутоа обвинителството веќе постапува. Оформен е предмет ОЈО ги повика инспекторите за животна средина, коишто презеле дејствија на контрола. Тие доставија извештај од своето постапување до обвинителството. ОЈО продолжува да се преземаат и други дејствија, издадени се наредби и вештачења, информираа за МИА, од ОЈО Куманово.

Денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски презентираше нови анализи со кои тврди дека водата во реката е сериозно загадена. Вчера на прес-конференција менаџментот на компанијата „Булмак 2016“ негираше дека техничкиот проблем што настанал во рудникот Тораница не предизвикал загадување на Крива река.


Слично

Поврзани вести