Кој ја разочара Гордана Силјановска Давкова?
Гордана Силјановска Давкова, која беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател во Отворено на Алфа тв вечерва изјави дека се впуштила во политиката за да ја размрда „барата“.
Таа вели дека според реакциите на луѓето со кои комуницира, нејзиниот политички настап ќе биде вовед во нова политичка култура, затоа што зад неа стојат многу млади луѓе.
Силјановска вели дека ова искуство сепак вредело.
Таа рече дека бидејќи беше жена кандидат за претседател, според неа изостана институционалната поддршка, но вели дека не бара објаснување од никого. Кажа дека таа во минатото давала поддршка на родовата рамноправност. Според неа, тоа е едно мало разочарување.
Слично
