Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ИЗБРОЈА ТОПТАН 72 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 100 АКЦИИ - силниот профит го вивна интересот за акциите на НЛБ Банка

КОЈ ИЗБРОЈА ТОПТАН 72 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 100 АКЦИИ - силниот профит го вивна интересот за акциите на НЛБ Банка

Банката оствари фантастични резултати во првото полугодие од годинава, а тоа веднаш беше своевиден сигнал за инвеститорите да побрзаат со купување акции на тоа акционерско друштво.

Погодувате, станува збор за НЛБ Банка, која вчера преку Берзата ја извести инвеститорската јавност дека во првото полугодие од годинава прикажува чиста добивка од 26,7 милиони евра или за 3,1 милиони евра подобро од истиот период во 2023 година.

По таа објава, вчера преку блок трансакција на Берзата беа одеднаш и за познат купувач продадени 100 акции на НЛБ Банка, по цена од 44.100 денари за акција, што значи дека за нив била платена сума од близу 72 илјади евра.

Инаку, на редовното тргување вчера една акција на НЛБ Банка се купуваше по 44.040 денари за акција, значи само малку пониско од цената постигната на блок трансакцијата.

Акцијата на НЛБ Банка е една од најтргуваните постојано на берзата и со неа се прават најголемите промети. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести