Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој искрши шест возила на УБК одеднаш?

Кој искрши шест возила на УБК одеднаш?

Шест искршени возила на Управата за безбедност и контраразузнавање биле затекнати денес утринава на паркингот кај Македонска радио-телевизија, потврдиле од МВР за ТВ21.

Најголема евидентирана штета се искршени стаклата, а од МВР веднаш излегле на терен и направиле записник, при што се трага по сторителите. Настанот за телевизијата го потврдија и од полицијата.

„Денеска во 08.05 часот пријавено е дека на паркингот кај МТВ искршени
се стакла на шест возила сопственост на УБК и едно возило сопственост
на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам.Се преземаат мерки
и активности за расчистување на случајот“, истакнаа од МВР за ТВ21.


Слично

Поврзани вести