КОЈ ИМА ДОМ ЗА УКРАИНЦИТЕ БЕГАЛЦИ ДА ПРИЈАВИ: Отворен е портал за сместување
Отворена е официјална страница на која бегалците од Украина може да најдат сместување во пријателски семејства во земјите каде наоѓаат мир поради воениот конфликт. На таа страница своите домови за сместување на Украинците бегалци може да им ги понуди секој. Од украинската амбасада во Скопје соопштувајќи за страницата побараа и Македонци да понудат сместување за Украинците кои дојдоа на наша територија.
„Граѓаните на Република Северна Македонија, кои имаат можност да помогнат во сместување на лица од Украина или да ги сместат бесплатно во своите домови - би сакале да ве информираме дека официјалниот ресурс „Прихисток“ работи -
https://prykhystok.in.ua/. На оваа страница можете да објавите информации за населените места, бројот на слободни места и контакти, на кои можете да понудите или да најдете бесплатно сместување, известуваат од амабасадата.
Велат дека станува збор за докажан сервис кој помага да се координираат напорите на оние кои бараат помош и оние кои можат да ја обезбедат.
„Ги повикуваме граѓаните на Република Северна Македонија да ја користат веб-страницата „Прихисток“ доколку сакате со домување да им помогнете на жените и децата кои биле принудени да дојдат во нашата земја бегајќи од војната, стои во известувањето.
Фото/ EPA
