Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ И ЗОШТО ШПЕКУЛИРА ЗА КУРСОТ НА ДЕНАРОТ - гувернерката е децидна, граѓаните да не се грижат

КОЈ И ЗОШТО ШПЕКУЛИРА ЗА КУРСОТ НА ДЕНАРОТ - гувернерката е децидна, граѓаните да не се грижат

Не треба да постои никакво сомневање во стабилноста на курсот на денарот, уште еднаш децидно повторува гувернерката Анита Ангеловска- Бежоска. 

Таа, на својата новогодишна средба со новинарите, целосно ги дематира шпекулациите кои се појавиле по одредени портали, дека е сменет курсот на домашнта валута.

„За жал, сведоци сме на висока толеранција на некои дигитални медиуми на секакви шпекулации за курсот. Од последните шпекулации кои се јавија на одредени портали навистина бевме изненадени, бидејќи ние имаме навистина добра соработка со сите медиуми. Кога има вакви шпекулации медиумите секогаш се јавуваат да прашаат, да проверат. При последните шпекулации кои излегоа за курсот (пред неколку дена -н.з.) не беше направена никаква проверка. Да се објавуваат такви информации дека веќе е променет курсот на денарот во однос на еврото, навистина беше изненадувачки за нас. Ние веднаш тоа го демантиравме“, рече гувернерката Бежоска.

На новинарското прашање дали гледа некоја позадина во тие шпекулации, дали биле лиферувани со одредена цел, таа нагласи дека не би можела да каже нешто такво. 

„Дали едноставно причина била желбата за брзо објавување, да се објави нешто пред да се проверат фактите, или друго, не знам“, вели гувернерката. 

Таа потенцира дека не треба да постои никаква грижа кај граѓаните, и дека курсот ќе остане стабилен, а НБМ има доволно девизни резерви да го брани.

На прашањето дали опасност во таа насока може да предизвика високата инфлација, која во последниве месеци го мачи светот, но и нашата држава, Бежоска потенцира дека треба јасно да се разграничи што е инфлација, а што е девалвација или депрецијација на курсот.  

„Тие два поими ние треба да ги раздвоиме. Вратете се само наназад. Ние секоја година имаме во просек некоја инфлација од околу два проценти на годишна основа. Некои години сме имале три, четири и над четири отсто инфлација. Во 2008 година инфлацијата достигна над 8 отсто, а нареднта година падна на 0,5 проценти, затоа што нашиот индекс се состои од многу стоки, пред се храна, кои што се многу променливи на глобалниот пазар. Имате периоди кога одат нагоре, а има и периоди кога одат надолу. И тоа придонесува за одредени промени на цените. Последната девалвација беше во 1997 година. Сега имаме високи девизни резерви и можеме да го браниме курсот. Зошто би се менувал сега, ако не се смени во времето кога имавме двојно помали девизни резерви“, вели гувернерката Ангеловска Бежоска.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести