Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ И ЗОШТО СЕ АПСИ: Полициска акција го тресе Скопје

КОЈ И ЗОШТО СЕ АПСИ: Полициска акција го тресе Скопје

На повеќе локации во Скопје во тек е полициска акција.

Дел од медиумите повикувајќи се на информации од полицијата пренесуваат дека се апси на неколку локации меѓу кои е и Грчец.

Од полицијата во интерес на истрагата не откриваат детали за што се работи, кого апсат и која е целта на акцијата.

Граѓани известуваат дека во Грчец има десетици полициски возила со специјални единици од МВР.  Таму најверојатно акцијата веќе е при крај или е завршена. Другите локации во Скопје не се откриваат.

Повеќе детали надлежните најавија за подоцна во текот на денот.

Слично

Поврзани вести