Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ И ЗОШТО САКА ПОБРЗО ДА ОДИ НА ИЗБОРИ - партиите денеска ги отворија картите

КОЈ И ЗОШТО САКА ПОБРЗО ДА ОДИ НА ИЗБОРИ - партиите денеска ги отворија картите

СДСМ сака, а ВМРО-ДПМНЕ е против избрзано јунско изборно соочување.

Ако досега од владејачката СДСМ срамежливо и тивко разговараа на тема избори, денеска како да ги отворија картите. Сметаат дека парламентарните избори треба да се одржат веднаш штом ќе биде совладана пандемијата со коронавирусот.

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, по денешната онлајн координација со шефовите на регионалните изборни штабови на СДСМ, соопшти дека од здравствен аспект, најдобро е изборот на новиот македонски парламент и на новата македонска политичка влада со целокупна одговорност, да се случи во период кога короновирусот е совладан, но и пред евентуална нова закана од повторно ширење на вирусот.

„Веднаш штом здравството и епидемиолозите потврдат дека вирусот е под целосна контрола, треба да продолжи изборниот процес и изборните дејствија, онаму каде што застана на 12 април за веќе закажаните избори. Обврска за сите политички чинители е на прво место да го стават здравјето на граѓаните и интересот на државата. Одговорно е да се носат одлуки растеретени од личните и теснопартиски интереси, а ниту една политичка кариера не е поважна од граѓаните“, вели Николовски.

Датумот би се одредил веднаш штом здравствените работници ќе ја прогласат победата над коронаврусот.

Јуни не се споменува како термин, но во јавноста се погласно се шират информациите дека социјалдемократите типуваат на јунско одмерување на силите.

Според генсекот на СДСМ, Николовски, сите што се спротиставуваат на оваа цел на нормализирањето на состојбите придонесуваат земјата да остане во вонредна, во здравствено-економска криза, а тоа како што додава, не е одговорно однесување.

А ВМРО-ДПМНЕ не чекаше многу за д им се спротивстваи на политичките опоненти. Остануваат на ставот дека изборите во овој момент воопшто не треба да бидат тема на разговор. Форсирањето избори според опозицијата е нечовечки и недостоинствено.

„Како ВМРО-ДПМНЕ сме кажале, еве ќе повторам, воопшто во приоритетите ги нема изборите и навистина кажав станува дегутантно, нечовечки е, недостоинствено ова што го прави СДСМ во овој момент. Луѓе секој ден се за жал заболуваат од корона вирус, луѓе умираат а тие да зборуваат за избори навистина ова е едно однесување кое што е надвор од секоја пристојност и не би сакал дополнително да коментирам“, рече Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањто, кога според нив, е оптимално да се одржат изборите, тој рече дека „во моментов не размислуваме и не сме фокусирани на избори навистина во услови кога луѓе секој ден се заболуваат од коронавирус, во услови кога за жал луѓе губат битка со корона вирусот и во услови кога македонскиот народ е соочен со едно вакво национално понижување за бришење на македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската историја, навистина мислам дека СДСМ се обидува да дефокусира со оваа тема за изборите“. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ единствено што размислува се избори.

За датумот на изборите најверојатно ќе се разговара и на лидеркста средба кај претседателот Стево Пендаровски, на средината на мај. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести