Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koj и зошто не гласаше за ратификување на Договорот со Бугарија?

Koj и зошто не гласаше за ратификување на Договорот со Бугарија?

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја бојкотираа седницата во Собранието, а воздржано гласаше независниот пратеник од коалицијата на СДСМ, Ферид Мухиќ кој изјави дека договорот не е симетричен и дека Владата плаќа цена со него.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на почетокот на собраниската расправа за ратификација на Договорот, кажа дека е факт дека тешки и деликатни прашања меѓу две соседни држави многу тешко се договараат и „ниту ние, ниту во Бугарија целосно сме среќни со текстот“.

Пратениците од мнозинството рекоа дека документот ќе ги зајакне односите на билатерален план. 

Договорот е потпишан на 1 август лани од премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје.

Бугарското МНР ја поздрави ратификацијата.

Слично

Поврзани вести