Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој и зошто му се заканува на Героски со „бањање во Вардар“

Кој и зошто му се заканува на Героски со „бањање во Вардар“

Новинарот Бранко Героски преку социјалните медиуми се пожали до премиерот и лидер на СДСМ дека добил заканувачки пораки од лице кое наводно работи во обезбедувањето на владеачката партија.

Неговиот статус ви го пренесуваме подолу:

„Претседателе на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 22.14 часот ја добив оваа заканувачка порака од извесен Борче Гиноски, кој за себе вели дека работи во обезбедувањето на СДСМ.
Дали Вашата партија, премиере, почна да се служи со вакви методи? Дали ја одобрувате оваа отворена закана? Дали ќе преземете нешто?
Утре изутрина точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено "бањање во Вардар".
Колеги новинари, претставници на ЗНМ и на другите новинарски здруженија, ве поканувам во ова време да бидете присутни на настанот во седиштето на СДСМ на улица Бихаќка.

ПС. Ако не барам премногу од вас, драги пријатели, ве молам споделувајте го овој пост.“- пишува на Фејсбук новинарот Героски.


Слично

Поврзани вести