Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ И ДА ПОБЕДИ, ПОБЕДАТА ЌЕ БИДЕ ПИРОВА, А НЕ ДЕМОКРАТСКА: Се огласи Ванковска, вели државата игра некаков инженеринг

КОЈ И ДА ПОБЕДИ, ПОБЕДАТА ЌЕ БИДЕ ПИРОВА, А НЕ ДЕМОКРАТСКА: Се огласи Ванковска, вели државата игра некаков инженеринг

„Избирачкото право е не само уставно гарантирано, туку е заштитено и со кривичниот законик и судовите. Сега сме во ситуација да сведочиме масовни повреди/ограничувања на гласачкото право и тоа од страна на државата!?! Заедно со ограничувањето на слободата на движење! И личните и политичките права ги крши државата, а ние глумиме нормален и регуларен (пред)изборен натпревар!“, напиша Билјана Ванковска, кандидат за претседател на Левица.

Како што вели таа, „тешко ми паѓа дури и помислата дека ќе се најдам на гласачко ливче во држава која или е неспособна или намерно игра на некаков инженеринг. Не се работи за мене или кој и да е друг кандидат - се работи за граѓаните! Можеби ќе беше добро сите заедно да побараме ИТНО решение, почнувајќи од актуелниот претседател. Инаку, кој и да победи, победата ќе биде Пирова а не демократска!“ вели таа.


Слично

Поврзани вести