Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој губи од непродавањето на зградата на Еуростандард банка?

Кој губи од непродавањето на зградата на Еуростандард банка?

Кој губи од непродавањето на зградата на Еуростандард банка? Губат сите! Штедачи, доверители, граѓаните, државата. Губи од вредност и самиот објектот, кој веќе две години не се одржува и кој е во опасност да пропадне и да загуби уште повеќе од својата сегашна вредност. Дали повторно ќе треба да чекаме уште 2, уште 4 години за оваа зграда конечно да има сопственик?

Дали треба да дозволиме објекти кои се функционални да пропаѓаат!

Редакцијата на Фактор од самиот почеток ги следи случувањата со Еуростандард банка и информира за се што е поврзано со неа. Информациите покажуваат дека дел од она што беше вредно од стечајната маса на оваа банка веќе е отуѓено и е дека е останато многу малку за поделба. Главната деловна зграда на Еуростандард банка е можеби еден од малкуте вредни имоти за обештетување на депонентите.

Колку вреди оваа зграда?

Дали утврдувањето на реалната вредност на еден недвижен имот треба да се базира на субјективни проценки или пак на реална методологија за процена на вредноста на еден објект спроведена од страна на реномирана и интернационална ревизорска куќа. Дали пазарните услови треба да се земат предвид?

Останува да видиме дали ќе влеземе во институционален вртлог кој ќе го обезвредни и она малку вредно што остана од оваа Банка.

Работите треба брзо да се решаваат. Реномирана компанија која работи оутсорсинг за американкиот пазар има интерес за купување.

Останува да видиме дали во оваа зграда ќе работат млади луѓе кои од Македонија ќе го живеат својот американски сон, или пак зградата ќе пропадне и никој нема да биде обештетен.

Слично

Поврзани вести