Kој гради, а кој стагнира?
Најновите статистички податоци покажуваат дека во скопско најмногу се гради акде се издадени 81 одобрение за градба, во вардарскиот регион се издадени 26, источен 38, југозападен 34, југоисточен 39, пелагониски 10, полошки 30 и североисточен 18.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2018 година, се издадени 276 одобренија за градење, што е за 34.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 671 709 илјади денари, што е за 200.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 146 (52.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 39 (14.1 %) за објекти од нискоградба и 91 (33.0 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 276 објекти, на 161 (58.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 115 (41.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 648 станови, со вкупна корисна површина од 53 243 м2.
