Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koj град е со најмалку активни случаи на коронавирусот?

Koj град е со најмалку активни случаи на коронавирусот?

Кратово е град со најмалку активни случаи на коронавирусот, според најновите податоци од Министерството за здравство. 

Во Кратово има 17, во Пехчево 32, а во Крушево 74 активни случаи. Пробиштип им 41, а Берово 48 случаи на коронавирусот. Демир Хисар има 37, а Македонски Брод 27 активни. Валандово има 63, Виница 61, а Свети Николе 91 активен случај. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.743, бројката на оздравени пациенти е 61.943, на починати е 2.510, а бројот на активни случаи изнесува 19.290. 

Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (81, 69 и 63г), еден од Велес (79г), еден од Битола (70г), еден од Охрид (53г) и еден пациент од Кочани (63г).Пациентите се починати во болнички услови.

Слично

Поврзани вести