Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kој град е рекордер по бројот на разводи?

Kој град е рекордер по бројот на разводи?

Во поголемите градови има поголем број на разводи, додека во дел од малите места во земјава воопшто немало разводи. 

Разведените бракови во второто тримесечје од 2018 година, бележат намалување од 19.4% во споредба со истиот период од 2017 година и изнесува 394 разведени бракови.

Од нив 58 разводи се во Скопје, 20 во Битола, 10 во Врапчиште, 23 во Гостивар, 23 во Кочани, по 8 во Крушево и Кавадарци. 

Во Куманово имало 6 разводи, во Липково, Конче, Зрновци, Могила, Росоман и Чучер Сандево по 1. 

Во наведениот период имало 44 разводи во Тетово, 4 во Теарце, 2 во Студеничани, 19 во Струмица и 11 во Струга, 4 во Свети Николе, 7 во Штип, 3 во Ресен, 17 во Радовиш, 36 во Прилеп, 2 во Петровец, 32 во Охрид, 5 во Ново Село, 6 во Неготино, 3 во Јегуновце, 2 во Илинден, 8 Желино, 5 Долнени, 2 Демир Хисар и 4 Дебарца, Гевгелија 5, Виница 2, Велес 7, Василево 2, Брвеница 3, Богданци 1. Има и рурални општини во земјава каде воопшто немало разводи во вториот квартал. 

Слично

Поврзани вести