Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој го замени Рашковски како владин претставник во Телеком?

Кој го замени Рашковски како владин претставник во Телеком?

Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата на Република Македонија, повеќе нема да биде владин претставник во Македонски Телеком. На вчерашната владина седница е одлучено тој да биде заменет со Тања Чачарова-Илиевска која исто така е член на владата како советник за правда на премиерот Зоран Заев. 

Засега конкретни причини за разрешувањето на Рашковски од оваа позиција во телекомуникацискиот оператор не се откриваат, но вреди да се потсети дека тој и владата се најдоа на серија на жестоки критики токму за назначувањето на оваа позиција наесен.

Инаку Тања Чачарова-Илиевска е адвокатка која на последните предвремени парламентарни избори ги застапуваше приговорите на СДСМ пред Државната изборна комисија. 

Тања Чачарова-Илиевска имала своја адвокатска канцеларија и работела пред се на граѓански предмети, но и на дел од кривичното право. 

Слично

Поврзани вести