Кој го уништува парковскиот инвентар на Водно?
Изминатиов период чуварските служби на ЈП „Паркови и зеленило“ на реонот во парк - шумата “Водно“ увиделе уништување на повеќе парковски елементи.
Како што се соопштува се почесто се среќаваат уништени и оштетени информативни табли, корпи за отпадоци, оштетувања на видиковци, парковски клупи и маси за посетителите, што говори за вандалско и несовесно однесување кон истите.
Посочуваат дека потребата и значењето на парковскиот инвентар и нивната намена за одмор и рекреација е се поголема, особено во градските средини, како составен дел од програмската содржина при посета на парк – шумите, парковите и урбаното зеленилото при што апелираат до посетителите совесно и одговорно да се однесуваат кон урбаната парковска опрема, како и кон природата.
