Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој го пополни местото на Лилјана Поповска на пратеничка листа?

Кој го пополни местото на Лилјана Поповска на пратеничка листа?

Откако Лилјана Поповска од ДОМ се откажа од добитното место на пратеничката листа на СДСМ и коалицијата, на нејзино место е ставена  Маја Морачанин. 

На седница на Централниот одбор на партијата едногласно е поддржан предлогот Морачанин да ја претставува ДОМ  на пратеничката листа.

Таа е членка на ДОМ, а била и претседателка на жените и порпаролка на партијата.

Од ДОМ велат дека таа ги има сите атрибути да одговори на предизвикот затоа што учествувала на сите нивоа на одлучување во партијата. Морачанин била иницијатор за разни движења за правата на жените, а особено била активна и протестирала против ограничување на правото на абортус. Таа воедно ја претставувала ДОМ на многу меѓународни собири на зелените.

Морачанин е поставена на добитното 4. место во Изборната единица 2. 

Претходно Поповска се откажа од оваа позиција и објасни дека не сака функција по секоја цена, и дека за неа не е прв пат во име на принципи да се откаже од функција. 


Слично

Поврзани вести