Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој го пали струшкото крајбрежје, Твитер: Штом трска гори, нешто ќе се гради

Кој го пали струшкото крајбрежје, Твитер: Штом трска гори, нешто ќе се гради

Неколку недели по ред трска се пали долж струшкото крајбрежје.

Дали намерно или случајно несовесни граѓани ја палат трската треба да кажат надлежните а ова не е прв пат да се случува пожар покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и село Калишта.

Невладини организации многупати предупредуваат дека зад случаите со палење трски е можно да се кријат економски и градежни интереси покрај езерото, а со ист став е и твитер заедницата.

На социјалните мрежи врие од коментари од типот „Што трска гори, нешто ќе се гради“.




Дали невладините и твитерџиите ќе испаднат во право ќе видиме за некое време.


Фото: Охридњус

Слично

Поврзани вести