Кој го измери загадениот воздух во Ѓорче Петров?
Скопската јавност остана збунета откако вчера претпладне излезе информација со индикатор за енормна загаденост во општина Ѓорче Петров од 1.999 ПМ, но истовремено доцна попладне заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули го демантираше сето ова со тврдење дека овластените служби немаат мерна станица на таа територија и дека загадувањето до тие раземри не е еможно на само една територија а во соседните да биде нормално.
Денеска излезе информација дека покрај Министерството за животна средина, загадувањето на воздухот на волонтерска основа го мери и мрежата Skopje Pulse. Од таму велат дека резултатот од Ѓорче Петров бил измерен од нивна страна.
Од „Мој Воздух“ излегоа со објаснување дека од Skopje Puls имаат свои мерни станици, независно од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Велат дека податоците од Skopje Puls се неофицијални и се дел од волонтерска мрежа, поставени и управувани од волонтери.
