Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој гласал, а кој не за Законот за јазици се претвори во теорија на заговор

Кој гласал, а кој не за Законот за јазици се претвори во теорија на заговор

Поголем број на пратеници кои претходно дадоа поддршка, а не се најдоа на колечната листа на тие кои гласале „ЗА“ на вчерашната собраниска седница за Законот за употреба на јазиците сега тврдат дека всушност го дале својот глас, но не биле регистрирани од собраниските служби. Меѓу нив има и пратеници од албанскиот корпус во Собранието кои сега тврдат дека ова можеби е масло на ДУИ за да се види дека албанската опозиција не дала поддршка за многу значајниот Закон за употреба на јазиците. 

Лидерот и пратеник од Алијансата за Албанците, Зијадин Села вели дека вчера гласал за Законот за употреба на јазиците, иако на листингот од Собранието се уште до неговото име стои дека не гласал.

Тој во изјава за „Фокус“ тврди дека некој очигледно сака да си игра политика, па го избришал неговото име.

„За тоа треба да се обратите до собраниските служби, тие мора да знаат што се случило. Јас кога гласав си покажа дека е гласано. ДУИ најверојатно стои позади тоа заради ниска пропаганда – додаде Села.

Претходно и Африм Гаши, лидерот на БЕСА, тврдеше дека гласал позитивно за новиот закон, како и целата пратеничка група на неговата партија. Денес преку процедурално обраќање и Ферид Мухиќ кој е дел од коалицијата на СДСМ тврдеше дека го дал својот глас за Законот за употреба на јазиците. 

Слично

Поврзани вести