Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ги штити напаѓачите кои ги тепаа новинарите на протест?

Кој ги штити напаѓачите кои ги тепаа новинарите на протест?

Заменик командант во СВР Скопје спречил свој колега во обид да фати еден од насилниците кои ја нападнаа екипата на А1он минатиот петок на протестот на иницијатива „За заедничка Македонија“, објави телевизијата „Телма“.  

Додека еден од полицајците се пуштил по насилниците, заменик командантот го застанал и му наредил да прекине потерата и да се врати кај повредените.

Настанот го потврдила и полицијата, а полицаецот изготвил и службена белешка. Од МВР кажале како оди со расветлувањето на случајот, а нема одговор и дали помеѓу 12-те повикани на разговор во полицијата во врска со нападот е и министерот Кирил Миновски.

Нападнатите новинар и снимател се здобија со повреди и потрес на мозокот. 

По ова, дел од медиумите најавија и ги бојкотираа протестите на ова здружение затоа што не изразија жалење. Од А1он беше најавено дека ќе го тужат организаторот. 

Слично

Поврзани вести