Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ГИ КРАТИ И ЗОШТО КОЛИЧИНИТЕ НА ИНСУЛИНИ? Болните од дијабетес испратија пет прашања до министерот Алиу

КОЈ ГИ КРАТИ И ЗОШТО КОЛИЧИНИТЕ НА ИНСУЛИНИ? Болните од дијабетес испратија пет прашања до министерот Алиу

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија испрати пет прашања до министерот Алиу

Почитувани,

поради долго време немање транспаретност на работата на Министерство за здравство, во кое време се случуваа намалување и недостиг на терапија, немање на доволно количини и не пуштање на целосна терапија, согласно новите договори за набавка на терпија, како и немање на никаков одговор за нашите барања, ДЕНЕС јавно со 5 прапања му посакуваме Добре дојде во Министерство за здравство на новиот министер г-дин Азир Алиу.

1. Кој и зошто не пушта целосна количина, со се 500  нови пациенти на Оземпик? Врз основа на кој научен доказ се прави и намалување на количини?

2.Кој ги крати и зошто количините на Инсулини? - Рајзодек и Новомикс 30 и кој без никаква наука наложува аптеката сама да врши замена за 9000 пациенти кои им вршите промена без консултации?

3.Кој сака да ги заменува нашите 40000 животи и нашето здравје за дневни "игри и суета" или можеби за штедење на буџет???

4.Зошто не се реализира, наводно 30 отсто зголемена количина по новиот тендер за достава на ТЕРАПИЈА [инсулини и анти - дијабетна] низ Државата? Ние ли "злоупотребуваме" терапија или ???

5.Колку време им треба на Национална Комисија за Дијабетес и Заменик Министерот заедно со службите, да ни одговорите за нашите барања за минимум стандарди и критериуми за набавка на ленти и Сензори? Или некој пресметува без нас и мисли дека така ќе поминете со набавка???
До денес поминаа 3 месеци од првото барање, или цели 96 дена!

Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија

Фото: Фејсбук на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија


Слично

Поврзани вести