Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е за, а кој против етничката определба да стои во личните карти?

Кој е за, а кој против етничката определба да стои во личните карти?

На двете најголеми партии не им пречи доколку во личните карти стои и националната припадност на граѓаните. 

СДСМ не гледа проблем во личните карти да стои и етничката определба. 

„Ние сме мултиетничко општество, кадешто покрај државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, граѓаните се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби…сите етнички заедници во државата и немаме проблем во документ за лична идентификација да го има и тоа право“, рече премиерот Зоран Заев.

Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ изјави  дека во Собранието по нарачка на Зоран Заев, се прави филибастеринг по однос на Законот за лични карти. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има еден принципиелен став, односно како што рече после сите национални понижувања, тие сметаат дека делумно би се зачувало националното достоинство доколку во личните карти може да стои етничката припадност.

БЕСА започнува со  интензивни комуникации со политичките партии со цел да се одблокира усвојувањето на Законот за лични картии во кој е предложено внесување на етничка припадност. Не се откажуваат од иницијативата и покрај поднесените 1.200 амандмани од Левица. Од партијата на Димитар Апасиев велат дека предлог измените се штетни за државата и мора да се повлечат. 

Слично

Поврзани вести