Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koj e ставот на Генчовска за францускиот предлог?

Koj e ставот на Генчовска за францускиот предлог?

Бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска на седницата на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Бугарија, изјави дека не може да излезе со став за францускиот предлог. 

Таа се правда дека имале многу малку информации.  Генчовска  презентираше извештај од 15 страници за напредокот на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.

„Владата на Северна Македонија има интерес да започне преговори со ЕУ. Бугарија е заинтересирана за влез на Северна Македонија во ЕУ. Има четири теми за кои има напредок во билатералните односи од мај“, рече Генчовска.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Брисел го отфрли францускиот предлог.  Тој му се заблагодари на францускиот преттседател Емануел Макрон за ангажманот да се најде решение за спорот со Бугарија, но го одби неговиот предлог за започнување на преговорите ако не се уважат пет македонски услови, кажани и пред да замине во Брисел. 

Бугарија добива поддршка да ја дестабилизира Македонија, а тоа води до раздор, изјави албанскиот премиер Еди Рама. 

Вели дека ниту пандемијата, ниту војната не ги обедини Европејците. И тој е разочаран затоа што двете земји нема да почнат преговори со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести