Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОЈ Е СЛЕДЕН“ НАПРАВИ ГЕРИЛА АКЦИЈА: Пред ОЈО Скопје поставија платно со имињата на загинатите во пожарот и другите трагедии

„КОЈ Е СЛЕДЕН“ НАПРАВИ ГЕРИЛА АКЦИЈА: Пред ОЈО Скопје поставија платно со имињата на загинатите во пожарот и другите трагедии

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од пожарот кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на Основното Јавно Обвинителство во Скопје на кое беа испишани имињата на сите загинати и повредени во пожарот, како и имињата на сите кои загинале во големи трагедии.

„Поминаа 2 месеци од најголемата трагедија во нашата историјата. Најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Денес го потсетуваме Основното јавно обвинителство, го потсетуваме системот, ја потсетуваме јавноста дека зад бројките стојат човечки животи”, наведуваат од иницијативата.

Од „Кој е следен“ за утре најавија организиран превоз за сите заинтересирани кои од Скопје сакаат да заминат во Кочани и да присуствуваат на „Маршот за ангелите“, протестен марш на семејствата на жртвите кој е закажан за во 16 и 5 часот на градскиот плоштад во Кочани.

Во пожарот во Кочани загинаа 62 луѓе, а имаше и околу 200 повредени. 

Четворица пациенти повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а кои беа на лекување во странство, се враќаат во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Тие ќе бидат задржани под опсервација на Клиниката за пластична хирургија и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Фото: „Кој е следен?“

Слично

Поврзани вести