КОЈ Е ПРАТЕНИКОТ СО СЕДУМ СТАНОВИ - Апасиев прашува дали е Шарена револуција или широка коалиција
Пратеникот од Левица Димитар Апасиев утрово повторно ги разбранува духовите, откако напиша пост во кој алудира на Шарена револуција и на пратеник со седум станови.
„А бе, како беше правилно: ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА или ШИРОКА КОАЛИЦИЈА? За еден пратеник со седум станови прашуем“, напиша Апасиев на својот фејсбук профил.
Потоа има и хаштаг со содржина која најверојатно се однесува на ДИК, Државната изборна комисија.
На постот нема коментари, бидејќи самиот пратеник Апасиев не ја оставил таа можност.
Ова следува откако вчера и официјално, со 95 гласа „за“ Собранието го избра и именува старо новиот состав на ДИК. Александар Даштевски е новиот претседател на Комисијата кој има минат труд како поранешен член и пред парламентарните избори во 2006 година, тогаш како кадар на ВМРО-НП. Потпретседател во старо новиот состав е Димитрие Шеху од ДУИ која и досега ја вршеше оваа функција. Покрај неа во комисијата од веќе познатите имиња се и Борис Кондарко и Радица Ристеска поддржани од социјал- демократите. Ќе го нема досегашниот член од СДСМ, Јанаке Витановски, а на негово место доаѓа Оливер Ристовски, поранешен министер за правда. Покрај претседателот на комисијата ВМРО-ДПМНЕ добиваат уште еден член односно Бобан Стојановски, а АА и Алтернатива ги претставува Кренер Лога правник од Струга .Тој доаѓа на местото на досегашниот член од Беса, која го изгуби местото во ДИК, затоа што стана владејачка партија. Мандатот на се уште актуелниот состав на ДИК со кој претседава Оливер Деркоски истекува на 15 јануари, а Деркоски нема да биде дел од новиот состав на комисијата.
Пред неколку часа Апасиев имаше исто така пост во кој претставува шеговите наводмо Уверение за избор на член на ДИК, со кое, како што вели, „се потврдува дека и ова лице ќе се преправа дека го прочистува вечно непрочистениот избирачки сшисок, ќе зема голема државна плата и бонуси и ќе дреме во канцелариите на ДИК до изборот на новата комисија“, напишал Апасиев.
Слично
