Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е пратеникот кој доаѓа на местото на Беким Сали?

Кој е пратеникот кој доаѓа на местото на Беким Сали?

Зекирја Таири од коалицијата ВЛЕН е новиот пратеник во Собранието кој ќе го пополни испразнетото место на Беким Сали, кој стана министер. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница констатираше дека на Сали му престанува мандатот.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека постапката за верификација на мандатот на наредниот кандидат од листата во Изборната единица 1 е веќе спроведена.

„Кандидатот Зекирја Таири во законскиот рок потврди и ја извести Државната изборна комисија дека го прифаќа мандатот за пратеник за остатокот од периодот“, истакна Кондарко. 

Уверението е веќе подготвено и ќе биде доставено до Собранието.

Собранието вчера ги усвои измените во составот на Владата, со кои Беким Сали е назначен за нов министер за европски прашања, како и Мухамет Хоџа за нов министер за животна средина и просторно планирање.

Слично

Поврзани вести