Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС ВО КОЧАНИ“: СДСМ со прашања до власта

„КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ПОЖАРОТ ВО ПУЛС ВО КОЧАНИ“: СДСМ со прашања до власта

И покрај тоа што поминаа речиси четири недели од трагедијата во Кочани, јавноста сè уште нема добиено одговори на клучните прашања: кој е одговорен за пожарот што се случи во „Пулс“ и кој е одговорен за серијата безбедносни пропусти?, реагираат од опозициската СДСМ.

„Сè уште нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ – ниту пак на оние што ѝ претходеле. Не е повикан ниту еден актуелен функционер на распит, не е отворена постапка за никого од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ кои денот на трагедијата, 16 март, биле на позиции. Зошто не се повикуваат оние кои биле на позиции кобната ноќ?, прашуваат од партијата.

Прашуваат и зошто не е проширена истрагата за Кочани иако јавно беше најавено дека ќе се случи.

„Не смее да има заштитени. Одговорност мора да има – од највисоките па до најниските нивоа. Ова не е политичко прашање. Ова е прашање на правда, доверба и достоинство.  Граѓаните, семејствата на жртвите, сите, имаат право на вистина. Имаат право да знаат што точно се случи и кој ќе понесе одговорноост.  Одговорност мора да има, и тоа на сите нивоа, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна, транспарентна и неселективна истрага. Правда за Кочани мора да има. А таа правда мора да стигне – да биде јасна, видлива и неизбежна.


Слично

Поврзани вести