Кој е новиот кандидат за судија во Стразбур?
Новиот кандидат за судија во Стразбур е Ана Дангова-Хуг.
Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска одржа седница, по добиеното мислење од Советодавниот панел во однос на спроведувањето на националната постапка за избор. Панелот констатирал дека еден од тројцата предложени кандидати не ги исполнува во целост критериумите за судија во Судот во Стразбур и за да се испочитуваат роковите, комисијата денеска заседавала и утврдила нов кандидат на местото на оспорениот кандидат. Едногласна поддршка од членовите на Комисијата добила Ана Дангова-Хуг, адвокатка која е предложена како нов кандидат за судија во ЕСЧП.
Од Комисијата информираат дека постапката за избор на новиот кандидат била спроведена целосно согласно утврдените критериуми и препораки, со примена на истиот принцип на гласање како и претходно, вклучително и почитување на препораките на ДКСК за изземање на дел од членовите.
Комисијата утре, преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, официјално ќе го извести Експертскиот панел за новиот кандидат.
