Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е новиот директор на Државниот архив?

Кој е новиот директор на Државниот архив?

Новиот директор на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, официјално ја презеде функцијата од неговата претходничка Наташа Котлар, информираа од институцијата.

Во објавата на официјалната Фејсбук страница на Државниот архив на Македонија се наведува дека за директорот Богески оваа функција не претставува привилегија, туку обврска – со јасна цел работата на Архивот да биде транспарентна, отворена, отчетна и достапна за сите граѓани. Тој упати благодарност до досегашната директорка, за нејзиниот ангажман и придонес во изминатиот период.

„Архивот како институција зазема значајно место во нашата држава. Тој е чувар на историјата и идентитетот на Република Македонија, обезбедувајќи континуитет меѓу минатото, сегашноста и иднината. Ова е првпат по долги години на чело на една ваква престижна позиција да дојде човек кој е од редовите на вработените – со 19 години работен стаж, кој ги поминал сите скалила во институцијата. Тоа искуство е од непроценливо значење и ќе помогне во надминувањето на сите предизвици со кои се соочуваат вработените и корисниците на услугите на Архивот“, стои во објавата.

Богески 19 години е вработен во Архивот и досега беше заменик-директор. 

фото Фејсбук/Државен архив

Слично

Поврзани вести