Кој е новиот член на на Советот на јавни обвинители
Собранието денеска го избра Ангеле Илиевски за член на Советот на
јавни обвинители.
Илиевски е адвокат, кој беше дел од одбраната во случајот „Пуч“, каде обвинети
беа екс шефот на УБК, Зоран Верушевски, и актуелниот премиер, Зоран Заев.
За член на Советот на јавни обвинители, беше избран и адвокатот Ангел Солев.
За нов уставен судија беше избран Насер Ајдари.
Според Законот за Советот на јавни обвинители, тројца членови ги избира Собранието на Република Македонија од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.
Слично
