Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е Насер Зибери: Од нотар до кандидат за премиер предложен од ДУИ

Кој е Насер Зибери: Од нотар до кандидат за премиер предложен од ДУИ

Поранешниот министер за труд и социјална политика Насер Зибери е кандидат за прв премиер Албанец на Македонија номиниран од ДУИ, само што потврдија „Интегративците“ на својата конвенција која во моментов се одржува во Преспа.  Тоа официјално го потврди Али Ахмети од плажата во местото Крани.

Зибери пред да стане политичар, бил новинар, а повеќе од 10 години не е активен во политиката, односно за цело ова време работи како нотар. Во 90-тите како кадар на ПДП влегува во политиката и во периодот од 1996 до 1998 станува министер за труд и социјална политика во Владата на Бранко Црвенковски.

Претходно, а и по напуштањето на Владата, ја обавуваше пратеничката функција. Активен учесник е во дебати и во анализи како набљудувач на политичките збиднувања. Често пати коментирал за различни медиуми како политички аналитичар, а и во денешно време излегува во јавноста со изјави.

Тој треба да биде претставен денес за време на конвенцијата на Демократската унија за интеграција во Преспа. Неговата номинацијата доаѓа со согласност на претседателот на ДУИ, Али Ахмети,  како и по спроведените анкети.

Насер Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, општина Сарај. Дипломирал на Правниот факултет. Зибери во минатото беше висок функционер на ППД.


Слично

Поврзани вести