Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ Е МЕТОДИЈА ДИМОВСКИ: Владата го избрала за нов генерален секретар

КОЈ Е МЕТОДИЈА ДИМОВСКИ: Владата го избрала за нов генерален секретар

Методија Димовски е новиот генерален секретар на владата на местото на Мухамед Зекири.

Владата на денешната седница Владата прво го разреши Зекири од генерален секретар на Владата, а потоа и Димовски од член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето. По ова Димовски е именуван за генерален секретар на Владата.

Зекири си поднесе оставка откако беше осомничен за злоупотреба на службената дејност при склучување на тендер во 4 очи за физибилити студија за Македонски пошти, со што се сомничи за злоупотреба на 940.00 евра.

Димовски е член на Инспекциски совет од областа на животна средина и заштита на здравје на луѓето, од 3.8.2017 година. Роден е на 16.7.1966 година во Скопје.

Магистрирал во 1994 година, на Универзитетот во Белград, Србија, во областа на географските науки (физичка географија).

Во повеќе од две – децениската професионална кариера, работел на повеќе работни и раководни места во јавната администрација на Република Македонија, во меѓународни организации и како независен консултант.

Во 2020 година се пишуваше дека Димовски напишал Прирачник за примена на Законот за инспекцискиот надзор, кој се продаваше за цена од 2.400 денари и им е понуден на сите инспекциски служби во државата. Димовски не гелдаше ништо спорно во тоа, туку рече дека добил хонорар за пишувањето кој го пријавил во УЈП.

Слично

Поврзани вести