КОЈ Е МАКЕДОНЕЦОТ ШТО ДОЖИВЕАЛ 101 ГОДИНА, А ПОТОА ПОЧИНАЛ ОД КОРОНА - еве што кажува статистиката за последното деноноќие
Наш сограѓанин кој има 101 година починал од коронавирусот. Таков заклучок може да се извлече од најновото соопштение за ковид статистиката на Министерството за здравство.
Не се знае од кој град е и дали починал во домашни или во болнички услови.
„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 15.11.2021 до 04.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Велес (1), Кавадарци (1), Гостивар (1) и Демир Хисар (1). Починатите лица се на возраст од 73 до 101 години.
Три лица се починати во домашни услови и три лица се починати во болнички услови“, се вели во соопштението од МЗ.
Редовно, пак, во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (70г и 80г) и Велес (72г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (88г), Крива Паланка (72г), Кочани (58г), и Македонска Каменица (66г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
