Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ Е КРЕНАР ЛОГА ПРЕДЛОЖЕН ЗА МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

КОЈ Е КРЕНАР ЛОГА ПРЕДЛОЖЕН ЗА МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

Кренар Лога е предложен за министер во Министерството за правда од страна на премиерот Димитар Ковачевски.

Доаѓа од партијата Алијанса за Албанците, која постигна договор за влез во Владата. Во моментов фигурира како член на Државната изборна комисија.

Роден е во 1984 година, оженет е и има едно дете.

Магистрирал дипломатија на Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово, а тука завршил и факултет, каде станал дипломиран правник.

Работно искуство: 

Извршен директор – Институт за јавна политика Арбен Џафери
Раководител на сектор за управување со човечки ресурси – Државно правобранителство на Република Северна Македонија
Раководител на сектор за правни прашања и општи работи – Општина Струга
Секретар на општина – Општина Струга
Шеф на кабинет, советник за правни работи – Општина Струга
Советник за правни работи – Општина Тетово
Заменик директор – Управа на финансиска полиција – Влада на РСМ
Советник за правни работи – Дооел „Фиторе”
ИТ демонстратор – Универзитет на Југоисточна Европа


Слично

Поврзани вести