Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е Константин Каварналиев чиј споменик е возобновен?

Кој е Константин Каварналиев чиј споменик е возобновен?

Повторно е возобновен споменикот на загинатиот бугарски полковник во втората Балканска војна 1913-та година, Константин Каварналиев во Стар Дојран.

По повеќе од пет децении се прави возобновувањето. Спомен обележјето денеска го посетија и положија свежо цвеќе премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов. 

Каварналиев е полковник во бугарската армија кој загинал во 1913 година во Стар Дојран. Тој учествувал во српско-бугарската војна во 1885 година. Во Втората балканска војна е назначен за командант на 3-та бригада од пешадиска балканска дивизија.

Во 1916 година, кога регионот е окупиран од Царство Бугарија, во чест на Константин Каварналиев на местото каде што загинал полковникот е подигнат споменик висок седум метри. Споменикот е на мал рид, непосредно до патот за Валандово, на 3-4 километри од Дојран.

На интернет страницата на Бугарскиот културен клуб пишува дека „генералот Каварналиев загинува во близина на Дојран во 1913 година спасувајќи го бугарското население во југоисточна Македонија од нападот на неколку пати побројните грчки трупи... Во 1916 година бугарските војници поставуваат седуметарски споменик на неколку километри од Дојран. Споменикот бил тргнат во 1966 година од југословенските комунистички власти во Скопје, а коските на херојот и остатоците на споменикот биле расфрлани наоколу“.

Слично

Поврзани вести