Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е Илија Илоски, вториот човек на Комерцијална банка, кој останува уште шест години во УО

Кој е Илија Илоски, вториот човек на Комерцијална банка, кој останува уште шест години во УО

Илија Илоски, вториот човек на Комерцијална банка АД Скопје, кој денеска беше реизбран со шетгодишен мандат во УО на банката, е повеќе од девет години член на оваа финансиска институција.

Како Генерален директор во Царинската управа на Република Македонија работи до 1998 година, а до 2003 година е пратеник во Собранието од редовите на СДСМ и член на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија.

Од 2003 година работи како Генерален директор во Македонска банка за поддршка на развојот, а од 2004 година повторно во Царинската управа на Република Македонија како Генерален директор.

Во Комерцијална банка АД Скопје доаѓа во 2006 година како Генерален директор, a од 2008 година ја извршува функцијата Главен оперативен директор и е член на Управниот одбор. 

Роден 1958 година во с. Велмеј, Охрид, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Бил генерален директор на "ЕМО" во Охрид и генерален директор на Царинската управа на Република Македонија. Добро го знае рускиот, а се служи и со англискиот јазик. Живее во Охрид. 

Слично

Поврзани вести