Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е градоначалникот што му направи проблем на СДСМ пред референдум

Кој е градоначалникот што му направи проблем на СДСМ пред референдум

Градоначалникот на општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски, за кого е објавена снимка како им се заканува на вработените во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и следи што прават и каде одат, за што потоа беше повикан на информативен разговор во полициска станица, поседува пасиште, лозје, две ливади, овошна градина и земјоделско земјиште во анкетниот лист.

Има четири куќи, од кои највредната му е во Битола од 1-3 м2 и проценета е на 4 милиони денари. Има возило Сеат Кородоба од 2002 година. Од страната на своите родители пријавил трактор од 120.000 денари и старо возило застава проценето на 5.000 денари.

Последен пат во јавноста го има со интервју за „Либертас“ во март годинава кога вели дека како нов градоначалник на Демир Хисар приоритет му се нови, патишта, водоводи, канализации, спортски објекти, улично осветлување согласно програмата за комунално уредување донесена од Советот на општина. Најавува подобри услови во училиштата и градинките за сите деца, заштита и унапредување на животната средина и природата и набавка на нови контејнери за селектирање отпад.

- Општина Демир Хисар во наредниот период на граѓаните ќе им стави на располагање нов пазар кој е во завршна реконструктивна фаза, современ, модерен и услужлив како за продавачите така и за купувачите, нагласи градоначалникот Стојановски.

Според Лидер, кој го објави видеото, вработените се бунтувале на перманентниот притисок од негова страна и заканите кои постојано ги добиваат од општината за преместување од нивните работни места и отпуштања.

- Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето, пренесе Лидер

Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори од редовите на СДСМ. Петходно работел во Министерството за внатрешни работи.


Слично

Поврзани вести