Во текот на денот австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе одржат заедничка прес-конференција.
Кој е главниот мотив за доаѓањето на Курц во Македонија?
Во официјална посета денеска во Македонија ќе пристигне канцеларот на Република Австрија, Себастијан Курц.
Станува збор за млади и конзервативен лидер од редовите на десницата, која традиционално победува во Австрија и дел од крилото на европски политичари кои цврсто се залагаат за „одбрана на Стариот континент од брановите на емигранти-бегалци кои доаѓаат првенствено од Блискиот исток“. Канцеларот смета дека Европа треба да се зажтити од напливот уште на самите бегалски рути на Балканот.
СПоред тоа, освен поддршката за референдумот на 30 септември и повикот да се гласа на истиот, се очекува тој да разговара и на оваа тема.
Делегацијата од Австрија предводена од канцеларот Курц најавено е дека ќе биде свечено пречекана на платото пред Владата.
