Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е Еролд Муслиу, новиот директор на Агенцијата за разузнавање

Кој е Еролд Муслиу, новиот директор на Агенцијата за разузнавање

Еролд Муслиу е назначен за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кога истовремено и Блерим Колари е назначен за советник за безбедност.

Муслиу завршил Факултет за безбедност во Скопје како еден од најуспешните студенти и на почетокот од 2018 беше еден од кандидатите за директор на Управата за безбедност и контраразузбавање.

 Муслиу по дипломирањето веднаш бил вработен во 1994 година во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и постепено напредува по скалилото на хиерархијата како исклучително посветен и висок професионалец. Со формирањето на Агенцијата за разузнавање, тој преминува да работи како разузнавач. 

Тој е полиглот, зборува повеќе јазици, интелектуалец меѓу безбедносните професионалци, а за него високите претставници од пријателските безбедносни служби отворено во јавноста изразиле мислење дека тој е олицетворение на највисокиот формат на професионалец од областа на безбедноста и разузнавањето. 

Во 2011 година, тој веќе бил еден од кандидатите на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за директор на Агенцијата за разузнавање. Тој е непартиски кадар а досега ја вршеше функцијата помoшник во Агенцијата за разузнавање.

Слично

Поврзани вести