КОЈ Е Џозеф Мускат: Голем поддржувач на Македонија за влез во ЕУ доаѓа на гости
Џозеф Мускат е премиерот на Малта кој доаѓа во официјална посета на Македонија.
Владата на Малта како земја членка на Европската унија изрази целосна подршка за Република Македонија во насока на забрзување на евроинтегративните процеси, потенцирајќи го значењето на реформите кои ги спроведе владата во последната година за време на посетата на премиерот Заев во таа островска земја.
Мускат, денес ќе ја оствари првата официјална посета на Владата на Република Македонија а делегацијата со која ќе пристигне ќе биде пречекана на платото пред Владата на Република Македонија од страна на премиерот Зоран Заев и владина делегација со највисоки државни и воени почести.
Слично
